Симона Халеп е првата голема „жртва“ на Австралија Опен

Четвртата носителка Симона Халеп е првата голема „жртва“ која падна на терените во Мелбурн уште во првото коло на гранслем турнирот Австралија Опен. Романката, која подоцна изјави дека имала проблем со болки во колената, загуби со 2-0 во сетови (6-3, 6-1) од Американката Шелби Роџерс.

Елиминацијата на Халеп е изненадувачки, но и само уште една потврда дека не и опди најдобро на Австралија Опен. Таа и минатата година беше елиминирана на стартот од турнирот.

„Шелби играше одлично, беше агресивна, а јас не можев да го пронајдам ритамот. Не можев да го сторам она што го посакувам на теренот и поради болките во колената. Но, не сакав да се откажам и го доиграв мечот до крај“, изјави Симона Халеп.

Првото коло од турнирот го мина и Стефани Вогел, швајцарската тенисерка која ја совлада Лина Ѓорческа во последното квалификациско коло во Мелбурн. Вогел беше подобра од Куруми Нара од Јапонија со 2-1 во сетови, а во следната рунда ќе игра против Венус Вилијамс.

Се вчитува...