Симона Крстаноска ќе го носи дресот на Олимпија Љубљана

Македонската фудбалерка Симона Крстаноска ја продолжува својата интернационална кариера. Таа по Спартак Суботица, нов фудбалски предизвик ќе има во дресот на словенечкиот тим Олимпија Љубљана. Крстаноска денеска и официјално беше претставена како ново засилување на клубот.

Македонската интернационалка кариерата ја започна во тимот на Билјанини Извори, потоа се пресели во Единство, продолжи во Тиверија, Конзули и во ЖФК Истатов, а во 2016 година замина надвор од границите, во Спартак Суботица.

Се вчитува...