Симов: Карабах е фаворит, но ние сонуваме подолго европско лето

Mакедонскиот претставник во Лигата на шампионите Силекс во првото коло од квалификациите ќе се сретне со азербејџанскиот Карабах, одлучи денешната ждрепка во Нион. Тренерот на кратовци Горан Симов вели дека противникот е голем фаворит на мечот, но тие се тука да дадат максимум.

„Сите тимови кои што можеа да ни бидат противници се одлични. Со буџет поголем од 20 милиони евра. Карабах ќе биде голем фаворит на мечот, но ние сонуваме за подолго европско лето. Карабах е одличен тим кој седум години е шампион на Азербејџан и редовно е во квалификациите за Лигата на шампионите. Ние како што покажавме и претходно нема да се предадеме и ќе дадеме максимум, а надежта последна умира“, изјави Симов. 

Поради пандемиајта од коронавирусот во квалификациите за ЛШ годинава ќе се игра само еден натпревар, а Силекс ќе му гостува на Карабах во Азербејџан на 18. или 19. август.

Се вчитува...