Симовски го објави поширокиот список за квалификациите за СП 2019

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за СП 2019. Македонија ќе биде домаќин на групата во која се уште и селекциите на Азербејџан, Турција и на Исланд.

Симовски и за овој циклус ќе настапи со стандардниот состав во кој поради повреда, недостасува само Теодора Керамичиева.

Квалификациските натпревари ќе се одиграат од 30 ноември до 2 декември во СЦ „Борис Трајковски“.

Се вчитува...