Симовски го објави списокот за квалификацискиот турнир за СП во Шпанија

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Светско Првенство 2021 Шпанија.

Сениорската женска репрезентација е дел од групата 2 заедно со репрезентациите на Грција, Исланд и Литванија. Натпреварите од групата ќе се одиграат во период од 19-21.03.2021 година.

Собирот е закажан на ден 15.03.2021 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.

19.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Исланд

20.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Литванија

21.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Грција

Се вчитува...