Симовски го скрати списокот за баражот за Словенија

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Симе Симовски,  го објави скратениот список на ракометарки кои ќе треба да се појават од првиот ден на подготовките за баражот за пласман на СП 2019.

„Црвено-жолтите“ подготовките ќе ги стартуваат од понеделник, а на скратениот список на Симовски се најдоа 19 ракометарки кои ќе се соочат со големиот предизвик – да ја вратат Македонија на едно големо ракометно натпреварување во женска конкуренција.

Првиот дуел од двомечот со Словенија се игра на 2 јуни во Скопје, а реваншот е закажан за четири дена подоцна во Целје.

Се вчитува...