Симовски: Не летаме во облаци, одиме натпревар по натпревар

Македонската женска ракометна репрезентација со одлична игра стигна до убедлива победа над Исланд од 24-17 во првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за СП 2021.

Избраничките на Симе Симовски во грч го отворија натпреварот, но брзо го надминаа истиот и во продолжението од средбата го наметнаа своето темпо. Селекторот по натпреварот не го криеше задоволството од прикажаното, поготово од играта во игра во одбраната.

„Задоволни сме од победата, по година и пол пауза играме натпревар. Треба да одработиме два меча па не летаме високо, ги имаме средбите со Литванија и Грција. Лошо го отвориме дуелот, дали беше грч, дали преголема желба, имаме простор да го анализираме тоа вечерва и да видиме каде грешевме. Потоа договорот беше спроведен на дело, на тој тајмаут се направи пресвртот. Договорот за вториот дел беше да играме во ист ритам, иако имавме неколку грешки на лев и десен бек. Примивме неколку гола и натпреварот беше израмнет. Направивем потоа две измени со Стојковска и Гичевска и тука се случи пресврт и да поведеме со четири гола за мирна завршница. Одбраната беше на ниво, дисциплинирано. Нападот можеби не беше на највисоко ниво, мора да менуваме мнмогу, да се поработи и на финтата еден на еден, да се коригира дел од техничките работи кај ракометарките“ – изјави Симовски.

Симовски апелира дека нема многу простор за одмор, бидејќи веќе утре следи новиот дуел со Литванија, а и покрај тоа што не е добро позната играта на противникот, ние влегуваме во натпреварот со фаворитска улога.

„Литванија и Грција не ни се познати. Мислам дека дел од младинките кои играа пред две години се префрлени во сениорската репрезентација и ќе ги анализираме сега на дуелот со Грција. Нив не им дојде најдобрата ракометарка па не би требало да има преголеми проблеми“ – додава селекторот.

Се вчитува...