Симовски: Се склопија работите и дојдоа победите

Само уште еден натпревар против Турција ја дели женската ракометна репрезентација на Македонија од официјалната заверка на пласманот во баражот за СП 2019 во Јапонија. Најтешкиот дел од работата во квалификациите, избраничките на селекторот Симе Симовски ја завршија вчера со убедливата победа против главниот ривал во групата, селекцијата на Исланд во кој доминираа во сите 60 минути и на крај славеа победа со 29-21. Тоа дојде како продолжение на импресивниот старт и триумфот против Азербејџан во првиот меч со 41-22.

Македонските ракометарки во овој квалификациски циклус на домашен терен покажаа еден нов квалитет во играта – стабилност, дисциплина и константност од почеток до крај, а убедливите победи дојдоа како резултат на сето тоа.

Многу причини да биде задоволен и од играта и од резултатите има и селекторот Симовски, иако секогаш има и по некоја ситна забелешка што треба да се исправи и што може да биде подобро во иднина.

„Задоволен сум од она што го пруживме на овие два натпревари, посебно надуелот против исланд. Девојките го одработеа договореното, беа дисциплинирани без разлика на неколку амплитуди кога имавме пад во играта. Имавме неколку ситни грешки во првото полувреме по кои Исланд успеа да ја стопи разликата. Меѓутоа успеавме да се вратиме.  Иамше фантастична дисциплина во напдот, одбраната одигра онака како што треба. Психички бевме добро подготвени за овој натпревар со Исланд. Се склопија сите работи и победата дојде како резултат на сето тоа“ – истакна селекторот Симе Симовски.

По првите две кола Македонија е на првата позиција со максимални четири бода, Турција и Исланд имаат по два, а последен е Азербејџан без бодови. Во последните натпревари денеска, Македонија игра со Турција (20 ч.), а Исланд против Азербејџан (18 ч.).

Првопласираните и најдобрата втора репрезентација од сите четири групи обебзедуваат пласман во јунскиот бараж за СП 2019 во Јапонија.

Се вчитува...