Симовски со поширок список – 35 ракометарки за квалификациите за СП

Селекторот на женската сениорска репрезентација, г-дин Симе Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за претстојниот квалификациски турнир за Women’s WCH Qualification 2021.

Сениорската женска репрезентација на Македонија ќе игра во група 2 против репрезентациите на Исланд, Литванија и Грција во квалификациите за обезбедување на бараж натпревар за Светското Првенство кое ќе се одржи во период од 01 – 19 декември во Шпанија.

Првиот меч од овие квалификации, чиј турнир ќе се одржи во Скопје, е закажан за 19 март против Исланд, ден подоцна се среќаваме со Литванија, а за 21 март е закажана пресметката меѓу Македонија и Грција.

Најдобрите две селекции од групата ќе обезбедат пласман во баражот за пласман на СП 2021.

 

Се вчитува...