Симовски со поширок список за завршните квалификации за ЕП 2018

Селектрот на женската ракометна репрезентација, Симе Симовски, го објави поширокиот список од 27 ракометарки за последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2018 против селекциите на Шведска и на Србија.

Репрезентацијата на Македонија е во третата квалификациска група за ЕП во која покрај Шведска и Србија, се натпреварува и селекцијата ан Фарски Острови. По првите четири кола, Македонија е на третото место со четири бода од двете победи против Фарски Острови покрај кои имаат и по еден пораз од Шведска и од Србија.

На првите две места во групата се репрезентациите на Шведска и на Србија со по шест бода.

Во последните две кола од овој квалификациски циклус, Македонија на 30 мај во СРЦ Кале ја пречекува Шведска, а во последното коло, Македонија на 3 јуни ќе и гостува на Србија во Ниш.

Се вчитува...