Синер е под знак прашалник за настап на Ролан Гарос

Учеството на Јаник Синер на овогодинешниот Ролан Гарос е доведено под знак прашалник, откако Италијанецот откри дека повредата на колкот заработена во Мадрид била посериозна отколку што се мислеше.

Како што објави  актуелниот шампион на Австралија опен беше принуден да се повлече од Мадрид пред неговиот четвртфинален натпревар против Феликс Оже-Алиасим поради непријатност во колкот.

Неколку дена подоцна, Синер објави дека ќе го пропушти турнирот во Рим, бидејќи проблемот бара повеќе време за заздравување.

„Сите мислевме дека тоа не е сериозен проблем. Не сакам да кажам што е точно.  Ролан Гарос? Имаме уште неколку работи да одлучиме за Париз. Подготовката нема да биде оптимална. Јас и мојот тим ќе дадеме се од себе да стигнеме таму со што е можно поголем процент за да се натпреваруваме“, изјави Јаник Синер.

Се вчитува...