Синер се повлече од мастерсот во Мадрид

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Јаник Синер се повлече од мастерсот во Мадрид.

Тој во четврток требаше да игра во полуфиналето против Феликс Оже-Алиасим, но вечерва објави дека бил принуден да се повлече од турнирот поради повреда.

„Многу сум тажен што морам да се повлечам пред следниот натпревар во Мадрид. Колкот ме мачи цела недела и постепено станува се полошо. По лекарски совет, решив дека е најдобро да не продолжам да играм на турнирот за да не ги влошам работите. Ќе имам дополнителни прегледи во наредните денови и ќе ги следам советите на докторите за време на опоравувањето. Ви благодариме на сите за поддршката“, рече Синер.

Се вчитува...