Синиша Михајловиќ е нов тренер на Болоња

Поранешниот селектор на Србија, Синиша Михајловиќ, е нов тренер на калчолигашот Болоња. Тој доаѓа на местото на Филипо Инзаги, а потпишал договор до крајот од актуелнава сезона, со можност за продолжување ако успее да избори опстанок во Серија А.

Болоња во моментов е во зоната на испаѓање, на 18. место на табелата со само 14 освоени бода.

Синиша Михајловиќ тренерската кариера ја почна токму во Болоња, а потоа работеше и во Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и во Торино.

 

Се вчитува...