„Сино-белото“ дерби со среќен крај за Гостивар

Гостивар ја продолжи серијата на победи откако славеше со „сино-белото“ дерби против Куманово со 91-83. Избраниците на Србиновски се мачеа со реализација во третата четвртина, меѓутоа одличната последна четвртина во која постигнаа 35 поени го донесе петтиот триумф во сезоната.

Куманово се мачеше да најде решение во нападот на самиот почеток на средбата, а тоа го користеше домашниот тим кој го искористи „постот“ на кумановци и преку Фрајдеј забележа предност од 8-0 за нецели три минути игра. Гостите ги консолидираа своите редови, добро енергија пружија играчите кои влегоа од клупа па на крајот на првата четвтина ја стигна до минимална негатива (21-20). Изгубените топки во нападот скапо ги чинеа избраниците на Мирковски, а тоа знаеше да го искористи Гостивар, кој влезе во серија со шутот за три поени преку Димчевски и Фрајдеј, па поведе со двоцифрена предсност (34-23). До крајот на полувремето, Куманово ја зацврсти одбраната, а офанзивниот скок донесе поени од втора шанса па гостинскиот состав ја врати едноцифрената негатива (48-41).

Двата тима го најдоа напаѓачкиот ритам на отварањето на втората четвртина, а подобриот проток на топката кај кумановци донесе отворени шута кои избраниците на Мирковски успеаа да ги искористат, па набргу Куманово го изедначи резутатот, а потоа и поведе со 56-66 на крајот на третата четвртина благодарение на добрата одбрана која дозволи само 9 поени во овој период од натпреварот. Гостивар ја врати шутерската форма во последната четвртина, а на крилјата на фантастичниот Костоски и неговите 11 поени во овој период повторно стигна до предност (77-75) на три и пол минути до крајот на натпреварот. Добрата одбрана на избраниците на Србиновски продолжи до самиот финиш, а придонес додадоа и Димчевски и Фрајдеј па домаќините „комотно“ стигнаа до нов триумф.

Александар Костоски беше првото име кај Гостивар со 24 поени и 12 асистенции, додека 22 поени и 4 скока додаде Џалон Фрајдеј. Ивица Димчевски натпреварот го заврши со 15 поени и 6 асистенции, додека двоцифрени со 13 поени и 7 скока, односно 10 поени беа Александар Тодоровиќ и Марјан Јанески. Кори Рејли-Рос повторно го предводеше Куманово, овој пат со 24 поени и 9 скока, додека Отис Ливингстон додаде 19 поени и 6 асистенции. Бранислав Џикиќ во вториот натпревар за својот нов клуб додаде 14 поени и 7 скока.

Се вчитува...