Во последните неколку дена, најголемите светски медиуми објавија за наводните состаноци меѓу Реал Мадрид и Жозе Мурињо околу враќањето на Португалецот на клупата на „кралевите“, но се до синоќа ништо не беше сигурно.
Сега веќе е јасно. Жозе Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид!
Договорот, како што пренесоа Португалците, бил финализиран доцна синоќа, а информацијата стигна до медиумите рано утрово. Наводно, Мурињо ќе биде претставен како нов тренер на Реал Мадрид следната недела.
Мурињо го информирал Руи Коста за сè рано утрово, и сега на сите им е јасно дека нема да остане во Бенфика.
Руи Коста се обиде да направи сè за да го задржи Мурињо на клупата на овој клуб, но не успеа.
Бенфика ќе добие седум милиони евра отштета од Реал Мадрид, а веќе е јасно кој ќе биде новиот тренер на овој клуб.
Имено, Марко Силва наводно ќе ја преземе тренерската палка во Бенфика бидејќи сè е договорено – ако Мурињо замине во Реал, овој Португалец ќе го заземе неговото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
