Синот на Петар Наумоски со потпис во Италија

Михаил Наумоски, синот на македонската кошаркарска легенда Петар Наумоски, повторно го напушти мак-баскеот и се пресели во Италија, потпишувајќи со екипата на Бреша од А2А лигата на Апенинскиот полуостров.

Науомски ја мина ланската сезона во дресот на Феникс, претходно во Македонија настапуваше и за Вардар и за Академија ФМП, а пред една година беше дел и од турскиот прволигаш Пинар Каршијака.

„Денеска му посакуваме добредојде на млад играч со значајно презиме. Да се биде син на Петар Наумоски значи да се живее во огромно спортско наследство, талент, жртвување и победи.. Со нас, Михаил ќе има можност да испише своја приказна, низ секојдневна работа и страст. Среќни сме што ќе бидеме дел од оваа негова авантура и убедени сме дека тој ќе го исполни својот потенцијал во нашиот клуб“, изјави претседателката на Бреша, Грациела Брагаљо.

Се вчитува...