Синот на Роналдо под полициска истрага

Синот на еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, Кристијано Роналдо Џуниор е под полициска истрага бидејќи без присуство на возрасен управувал со џет-ски.

Снимките на социјалните мрежи како 10 годишникот сам управува со скутер на вода се појавија викендов. Тој доста самоуверено управуваше со скутерот и сето тоа на одобрување на неговото семејство. Видеото го објави неговата тетка Елма Авеиро. По големите обвинувања од страна на јавноста дека не смее на 10 годишно дете да му се дозволи да управува со скутер на вода, видеото беше избришано.

Португалската полиција почнала истрага бидејќи според законот ниту едно лице помало од 18 години не смее да управува со скутери на вода. Според законот полицијата за употреба на скутерот може да го казни синот на Роналдо од 300 до 3000 евра, а доколку се потврди дека тој бил изнајмен компанијата која го изнајмила ќе заработи казна од 12 илјади евра.

 

Се вчитува...