Синот на Шумахер има своја цел

Мик Шумахер, 17-годишниот син на легендарниот Михаел Шумахер е цврсто решен да тргне по стапките на својот татко. Иако младиот Шумахер се уште е на почеток на својата кариера во европската Формула 3, тој сепак најави похпд на титула светски првак во Формула 1

„Сакам да станам првак во Формула 1“ – изјави синот на седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер, и го најави својот похот кон врвот.

Мик Шумахер оди сигурно чекор по чеко0р во светот на автомобилизмот. Лани тој беше вицешампион во Формула 4, а оваа сеозна ќе се обиде да нашрави чекор напред и да дојде до првата голема титула во европската Формула 3.

„Формула 3 е следен чекор во мојата кариера и едвај чекам да почнат трките. Оваа година без сомнение, ќе биде голем предизвик. Тестирањата покажаа дека е многу забавно да се вози овој болид. Ова е категорија низ која поминаа сите големи возачи и тоа е чекор поблиску до Формула 1“ – вечи 17-годишниот Германец кој сезонава ќе вози за италијанскиот тим Према.

За потсетување, и големиот Михаел Шумахер токму во Формула 3 стана познат за светската јавност кога ја освои титулата во Германија, а победи и на престижната трка во Макао во 1990 година, по фантастичната борба со Мика Хакинен.

Што се однесува за младиот Мик Шмахер, ако се докаже во Формула 3, следен чекор најверојатно ќе му биде премин во ГП2 серијата која е најблиску до категоријата на Ф1. Добра вест за младиот Шумахер е што го следи моќниот тим на Мерцедес со најава дека го сакаат младиот Германец во својот тим на долг период.

Се вчитува...