Сите фудбалери на Атлетико отидоа да ги поздрават навивачите, а Алварез… (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид и Вилјареал одиграа без победни 2-2 во спектакуларен натпревар на „Метрополитано“ како дел од 2. коло од новата сезона во шпанската Ла лига.

По натпреварот сите фудбалери на домаќините отидоа кај трибината на најжестоките навивачи на Атлетико да ги поздрават, а тоа не го направи Хулијан Алварез кој веднаш замина кон соблекувалната.

Ова беше очекувано бидејќи поради неговата желба да премине во Барселона, тој пред почетокот на мечот беше исвиркуван од преполниот „Метрополитано“.

Се вчитува...