„Сите му велевме на Федерер да ја откачи Мирка…“

Свен Греневелд е прославен тениски тренер кој имаше можност да работи со бројни „ѕвезди“ низ годините. Тој е горд на соработката со Марија Шарапова, Ана Ивановиќ, Томи Хас… а воедно имаше можност да го тренира и Роџер Федерер кога Швајцарецот ја почнуваше професионалната кариера.

Федерер во тој период ја почнуваше врската со Мирка Вавринец, при што од пријателите и соработниците побарал и љубовен совет.

„Тој дојде и не праша дали треба да биде со Мирка. Се сеќавам дека буквално сите му кажавме да ја откачи, бидејќи се уште е млад и треба да ужива во својата слобода“, вели Греневелд.

Швајцарскиот тенисер не ги послушал, ја продолжил врската со Мирка, со која во 2009 година има стапи во брак и заедно имаат четири деца.

„Гледано од оваа перспектива, тој ја донесе вистинската одлука. Мислам дека токму поради Мирка тој водеше смирен живот, научи и како да ги контролира своите емоции“, смета Греневелд.

Се вчитува...