Сите останаа збунети – Санчез одамна го напушти Јунајтед, а се најде на клупата за резерви (ФОТО)

Манчестер Јунајтед минатиот викенд беше поразен на свој терен од Арсенал со 0-1. По 15 години „топчиите“ конечно успеаја да триумфираат на „Олд Трафорд“, а мечот го одлучи Пјер Ерик Обамејанг од пенал.

Јасно е дека ситуацијата кај „црвените-ѓаволи“ е далеку од идеална и дека клубот се наоѓа во криза веќе неколку години. Интересна ситуација се случи пред мечот на НБС, телевизија која го пренесуваше. Тие направија голема грешка бидејќи во составот на Јунајтед на клупата се најде фудбалер кој одамна го напушти клубот.

Се работи за Алексис Санчез кој го напушти клубот, а на клупата за резерви се најде место Единсон Кавани.

Се вчитува...