„Сите сакаме да се врати Роналдо во Спортинг, но немаме пари“

Кристијано Роналдо оваа зима би можел да замине од Манчестер Јунајтед. Португалскиот ас целеше на трансфер и во летниот преоден рок, но истиот не се оствари, а откако неговиот статус во клубот не се подобри последните дејства како предвременото заминување од мечот со Тотенхем и казната која следеше од Ерик тен Хаг доведоа нови гласини за тоа што следи во јануари.

Како еден од клубовите кои се споменуваше во летото беше Спортлинг Лисабон, клубот каде Роналдо дебитираше во професионалниот фубал, но се чини дека и оваа врата се затвара доколку асот не се одлучи да го стави фудбалот пред парите. Говорејќи за медиумите тренерот Рубен Аморим изјави дека клубот не може да си го дозволи и покрај желбата повторно да го облече „зелено-белиот“ дрес.

„Роналдо е фантастичен играч, играч на Манчестер Јунајтед. Сите во Спортинг сонуваме за неговото враќање, но немаме финансии за неговата плата. Тој го сака Манчестер, но ете проблем е што не игра. Јас си имам свои проблеми со моите играчи па за тоа нека се грижи Тен Хаг“, вели Аморим.

Се вчитува...