Сите се луди по францускиот дрес поради Бензема – Продажбата урива нереални рекорди

Карим Бензема се враќа во репрезентацијата на Франција по шест години. Тренерот на „триколорите“ Дидие Дешамп го врати одличниот напаѓач на Реал Мадрид во националниот тим пред Европското првенство и ја воодушеви француската јавност со овој потег.

Бензема конечно повторно ќе го носи дресот на Франција. Веќе се објавени и броевите што играчите ќе ги носат на Европското првенство, а Бензема го доби дресот со број 19 наместо ’десетката’ што ја носеше порано.

Сепак, враќањето на Бензема во националниот тим доведе до неверојатно зголемување на продажбата на дресот на Франција. „Марка“пренесува дека продажбата на дресови е зголемена за дури 2.400 проценти од објавата за враќање на Бензема, што е навистина нереално.

Бензема досега има одигра вкупно 81 натпревар за националниот тим и постигна 27 голови, а последниот натпревар беше во 2015 година. Французите се во групата Ф на претстојното Евро со репрезентациите на Португалија, Унгарија и Германија, а натпреварите ќе се играат во Будимпешта и Минхен.

 

 

 

 

 

Се вчитува...