Поранешниот англиски фудалер, Џејми Карагер говореше околу финалниот меч од годинашното издание во Лигата на шампионите во кој ќе се сретнат најтрофејниот клуб во ова натпреварување Реал Мадрид и англискиот Ливерпул.
Поранешниот фудбалер на „црвените“ смета дека токму премиерлигашот годинава ќе ја освои титулата во елитното натпреварување.
„Реал Мадрид годинава загуби повеќе натпревари во Лигата на шампионите, отколку Ливерпул во сите натпреварувања. Реал е добар тим, но не е подобар од Манчестер сити. Мислам дека Реал не е подобар ниту од Челси, а ги победи и двата англиски тима. Можеме да збориме дека мадридскиот клуб направи многу пресврти, но имаше и многу среќа. Ако тимот е толку силен сигурно нема секој меч да прави пресврти. Затоа знам дека Ливерпул ќе ја освои Лигата на шампионите“, изјави Карагер.
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул кој ќе се игра во Париз на „Стад де франс“ е закажан за во сабота со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА