Претседателскиот кандидат на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, го навлече бесот на раководството на Манчестер Сити откако за време на гостувањето на ТВ најави дека го има договорено Ерлинг Халанд и норвешкиот ас сигурно ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“ доколку тој стане претседател на најтрофејниот европски клуб.
Челниците на Сити со право се лути, па веќе почнале да разгледуваат и правни алатки и најавуваат тужба против Енрике за изнесените лаги. Тој тврдеше дека во договорот на Халанд со Сити (кој има уште најмалку пет години) има клаузула за раскин што е подготвен да ја плати, нешто што е апсолутна лага според водечките луѓе на премиерлигашот од Манчестер.
Гневот на луѓето во Сити е огромен, да се користи овој клуб и нивниот најдобар стрелец во кампања со информации што се толку далеку од реалноста… затоа и се разгледува тужба до Енрике, за лагите изнесени при вчерашното интервју.
Дури и доколку тој успее да го победи Флорентино Перез на претседателските избори, во таборот на Сити се убедени дека Халанд ќе остане и ќе одигра најмалку една сезона под водство на енцо Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
