Манчестер Сити – Реал Мадрид, натпревар вреден две милијарди евра

Манчестер сити и Реал Мадрид вечерва на „Етихад“ ќе го одиграат првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Гвардиола против Анчелоти, системот на шпанскиот гениј против индивидуалната маестралност на тимот од Мадрид, машинеријата која ја води Кевин де Брајне против неверојатниот Карим Бензема помогнат од фудбалскиот Моцарт, Лука Модриќ.

Финале пред финалето не очекува вечерва во натпревар кој вреди неверојатни 2 милијарди евра. Вредноста на „граѓаните“ е 960 милиони, а на играчите на шпанскиот великан 757 милиони евра.

По поразот во финалето минатата година, Пеп Гвардиола бара искупување, но ќе има тешка задача протви 13 – кратниот европски шампион. Ќе биде ова дуел и на двајца неверојатни тренери, Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти. Пеп стигна до деветото полуфинале со што стана тренер со најмногу полуфиналиња во историјата, додека Анчелоти стана првиот тренер кој во четири децении стигаше меѓу четирите најдобри на стариот континент.

Натпреварот кој ќе се игра на „Етихад“ во Манчестер е закажан за 21 часот.

Се вчитува...