Сити во пол-позиција за потписот на Хамес

Колумбискиот репрезентативец има повеќе опции околу неговата иднина, но едно е сигурно, од следната сезона Хамес Родригез нема да биде играч на Реал Мадрид. Последниот, а воедно и најупорниот клуб за потписот на Хамес Родригез, сега е Манчестер сити. На Гвардиола не му е доста од креативци, а покрај летната распродажба од „Етихад“, Пеп сака што повеќе првокласни играчи да ги пополнат местата на долгиот список на фудбалери кои се на излезна врата.

За Родригез, Сити ќе има конкуренција од Челси, Јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Интер, ПСЖ, Баерн Минхен и од Јувентус, па ќе треба да биде екстремно добра и примамлива понудата за Колумбиецот да го облече дресот на „граѓаните“. Понудата треба да ги задоволи и „кралевите“, бидејќи во 2014 година платија 75 милиони евра на Монако, а се очекува да го продадат за нешто повеќе од 50 милиони, со цел да не бидат во тотална загуба.

Се вчитува...