Сива е сегашноста, но и иднината на мак-кошарката (фотогалерија)

Преголема е за жал разликата меѓу македонските кошаркари до 18 години и оние од врвот на Б дивизијата, камоли од елитното друштво на европската кошарка. Се докажа тоа и на денешниот дуел со Холандија, на кој „црвено-жолтите“ се бореа, дадоа се од себе, но на крајот загубија со 22 поени разлика.

Со малку среќа можеше да биде помалку, сигурно можеше да се отиде и „над 30“, но кош-количникот и не било толку колку сознанието колку всушност сме далеку од просекот, да не говориме за елитата. И не само оваа генерација, туку и многу пред нив, а како што стојат работите и генерации што допрва доаѓаат.

Сакал некој да признае или не, тоа е македонската кошаркарска реалност…

Се вчитува...