СКАНДАЛ: Играчите на Шкендија не ги примија медалите за финалето на Купот

Изненадувачка беше одлуката на играчите на Шкендија да не ги примат медалите како финалисти на Купот, по поразот од Силекс со 1-0.

Фудбалерите најпрво отидоа да ги поздрават навивачите, а кога беа повикани да ги добијат медалите, тие не се појавија на пиедесталот.

Откако не се одзваа на поканата, играчите на Силекс се качија на пиедесталот да го примат пехарот, а играчите на Шкендија заминаа во соблекувалната.

Се вчитува...