Вербалната пресметка меѓу Мекнил и Алиоски го одбележа дуелот меѓу Барнли и Лидс, од таборот на Барнли најавија дека го пријавиле однесувањето на македонскиот репрезентативец до ФА, но денеска се појавија нови докази, кои покажуваат дека Двајт Мекнил го плукнал Алиоски во второто полувреме од мечот.
Видеото на кое Мекнил се наведнува над Алиоски се виде и при преносот, но со забавување на снимката се гледа како фудбалерот на Барнли плука кон Македонецот.
Се очекува ФА да почне истрага и да го разгледа видеото, а ако биде утврдено дека тоа навистина се случило, тогаш фудбалерот на Барнли сигурно ќе добие долга суспензиј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА