Против крилниот фудбалер на Холандија, Квинси Промес е покрената казнена постапка кој е обвинет за препродажба на 1300 килограми кокаин, вреден 75 милиони евра.
„Авантурата“ на Промес со законите продолжува. Холандскиот фудбалер е уапсен во 2020 година поради напад на свој роднина, а сега судот го гони поради кокаин.
Поранешниот играч на Ајакс и Спартак Москва, се товари за две серии од 650 килограми и 713 килограми откриени во 2020 година во пристаништето во Антверпен во еден контејнер.
Властите долго време го имале под „скенер“ Промес поради вмешаност во нарко-ланец и учество во криминална организација. Фдубалерот ќе сведочи за случајот следниот понеделник.
🚨 Quincy Promes 🇳🇱 est poursuivi par la justice pour avoir importé plus de 1300 kg de cocaïne (interceptés fin janvier 2020 dans le port d’Anvers 🇧🇪).
La valeur de la marchandise est estimée à 75 M€. 💰
Le joueur joue aujourd’hui en Russie, au Spartak Moscou. S’il ne vient… pic.twitter.com/Oq4Xm95P4S
— Actu Foot (@ActuFoot_) May 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА