СКАНДАЛ: Прекинат меч во женски фудбал, оти неколку фудбалерки „се повредиле“ на полувреме?!

Што се слулува во првенството на Македонија во женски фудбал?! Дали воопшто и треба да се натпреваруваат екипи кои на полувреме се откажуваат..?! Скандал се случил на денешниот првенствен меч меѓу ЖФК СЦ Истатов и ЖФК Борец. По првиот дел, домашните фудбалерки имаа водство од 11-0, поради преголемата разлика во квалитетот, а потоа гостите смислиле добра „финта“.

Одеднаш неколку фудбалерки пријавиле повреди, најверојатно „добро советувани“ од стручниот штаб, по што само шест се појавиле на теренот. Во таков случај, мечот се прекинува, а се регистрира со службен резултат…Вистинска циркузијада!

Се вчитува...