Скандал во Рим: Ѓоковиќ погоден со шише во глава додека потпишуваше автограми (видео)

Голем скандал го одбележа крајот на денешниот натпреварувачки ден на турнирот во Рим откако Новак Ѓоковиќ беше погоден со шише во главата додека потпишуваше автограми по својата победа, на патот кон соблекувалната.

Србинот беше расположен по лесната победа, но додека потпишуваше автограми врз него падна шише од горниот дел од трибините. Новак падна како покосен, организаторите притрчаа, по што Ѓоковиќ со придружба се упати кон соблекувалната.

Погелденте како изгледаше оваа непријатна ситуација за најдобриот светски тенисер на сите времиња…

 

Се вчитува...