„Скандинавското дерби“ за Норвешка, Шпанија „од готово-вересија“ со Шведска

Норвешка го доби скандинаското дерби против Данска со 22-19 во првиот натпревар од главната фаза на Светското првенство во ракомет кое се игра во Јапонија. Данска иако подобро го отвори мечот и на два пати имаше и највисоки плус пет, сепак Норвежанките со стрплива игра успеаја целосно да се вратат и на крај да стигнат до многу важни два бода во битката за пласман во полуфиналето. Арнцен со пет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Данска Григер и Хојлунд дадоа по четири гола.

Во вториот меч од терминот од 12:30 часот, Шпанија против Шведска направи од „готово-вересија“. Шпанките во еден момент имаа и огромни плус девет (20-11), а на три минути до крајот на мечот Шведска успеа да намали на само минус еден (26-25). Натпреварот влезе во неизвесна завршница, а Швеѓанките со звукот на сирената успеаја да стигнат до реми (28-28). Кабрал со шест гола беше најдобра кај Шпанија, додека кај Шведска се истакнаа Хегман и Масинг со по осум гола.

Се вчитува...