Серџо Скариоло без конкуренција е главниот „виновник“ што Шпанија успеа да ги шокира сите и да го освои трофејот на Евробаскет 2022.
Трофејниот стручњак не крие дека ова му е еден од најдрагите трофеи во кариерата, откако допатува на ЕП со повеќе од половина состав дебитанти, но успеа да состави шампионски колектив предводен од браќата Хернангомез и од Лоренцо Браун.
„Да бидам искрен, не очекував дека можеме да станеме европски прваци. Секогаш верувам дека можеме да играме добра кошарка, дека ќе бидеме конкурентни, но не помислував на титулата. Да не заборавиме, во прогнозите на ФИБА бевме оценети како осми фаворити за трофејот, па кога стигнавме до него секако дека беше изненадување за сите. Јасно е, во спортот се случуваат изненадувања, а ова нашево би го споредил со титулата на Лестер во Премиер-лигата, или кога Данска ја замени Југославија и стана европски прван на фудбалското ЕП во 1992 година“, вели Скариоло.
Според него, не постои таен рецепт за успех, туку само желба за напорна работа.
„Таен рецепт? Не постои такво нешто, само максимален фокус секој нареден ден. Одевме ден по ден, ги гледавме задачите пред нас, се концентриравме на анализите на противниците. Бевме максимално посветени, ние во стручниот штаб, исто како и играчите на теренот. Најдраг трофеј? Па не знам дали им е најмил пехар што го имам кренато, но дефинитивно е тука при врвот… пред се поради фактот што никој не веруваше дека можеме да стигнеме до златото“, истакнува шпанскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА