Скариоло: Србија е скоро на ниво на САД

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Серџо Скариоло ја смета Србија за единствена репрезентација која може да и се спротистави на селкцијата на САД, на патот кон ново злато на Светските првенства. Тој смета дека квалитетот кој го поседуваат избраниците на Александар Ѓоргевиќ е само за нијанса послаб од оној на „дрим тимот“.

„Би ја ставил Србија само чекор зад САД, познавајќи ги нивните играчи, а слушам дека сите ќе играат на шампионатот, ми се чини дека тие се скоро на тоа ниво. Не се на исто, но се скоро на ниво на САД“, изјави Скариоло. 

Мундобаскетот во Кина е на програмата од 31 август до 15 септември, а Шпанија се наоѓа во групата Ц заедно со репрезентациите на Порторико, Тунис и со Иран.

Се вчитува...