Скола и Џинобили, прегратка и солзи (Фото + Видео)

Луис Скола и Ману Џинобили со години заедно го носеа репрезентативниот дрес бранејќи ги боите на „гаучосите“, а кога Аргентина стигна до полуфиналето од СП 2019, Џинобили дојде во Кина за да им даде поддршка на своите сонародници.

Аргентинците одиграа перфектен меч и ја совладаа Франција за прво мундијалско финале по пауза од 17 години, а колкаво беше значењето на оваа победа за „гаучосите“ најдобар доказ е видеото од прегратката на добрите пријатели по последниот свиреж на сирената.

Се вчитува...