Скола се налути: Зошто велите дека е чудо, па ние сме Аргентина…

Луис Скола и на 40-годишна возраст им одржа лекција на „ѕвездите“ на српската репрезентација, но искусниот Аргентинец потоа се налути на медиумите поради начинот на известување. Имено, на Скола не му се допадна што пласманот на Аргентина во полуфиналето беше оценет како чудо и сензација.

„Медиумите пишуваат, луѓето зборуваат како е ова шок, чудо, големо изненадување, па ние сме Аргентина… Како никој да не верувал дека може да се случи Аргентина да ја победи Србија. Ќе ви кажам една работа, ние во нашиот табор имаме 22 луѓе кои во последните два месеци работеа напорно максимално верувајќи во себе, дека ќе стигнат онаму каде што се сега. Тоа е се што ви треба, 22 луѓе кои ќе дадат се од себе за својата земја. Затоа и морам да потенцирам дека ова не е никакво чудо“ – изјави Скола.

Аргентинскиот центар го заврши мечот со 20 поени и пет скокови, влегувајќи во серија во последната четвртина, кога беше скршен отпорот на српската репрезентација. Следен ривал на „гаучосите“ ќе биде победникот од денешниот дуел САД – Франција.

Се вчитува...