Скопје го изненади Работнички, Академија Пандев сигурна против Брегалница (ФОТО)

Скопје активно ја продолжува битката и за директен опстанок во прволигашкото друштво, откако во 29. коло славеше на гостувањето против Работнички со 0-1.

Филип Јаневски во 69. минута беше стрелец на погодокот за тимот на Љупчо Маркоски, со кој гостите дојдоа до посакуваните три бода.

Академија Пандев, пак, ја продолжува битката за европски излез откако славеше со 2-1 против Брегалница која настапи со комбиниран прв тим, во кој недостасуваа дел од досега стандардните првотимци.

Димоски во 17. минута и Шаркоски во 59. минута беа стрелци на погодоците за Академија Пандев за нови три бода со кои „пандевци“ сега се цврсто на втората позиција. Стрелец на единствениот гол за штипјани беше Мартин Стојанов од пенал во 93. минута од средбата.

ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 2-1

Димоски 17′, Шаркоски 59′ – М. Стојанов 93′(п)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0-1

Јаневски 69′

УТРЕ (16 ч.)

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Кавадарци: ТИКВЕШ – БОРЕЦ

Се вчитува...