Скопје освои бод во Гостивар против Арсими

Арсими и Скопје ремизираа 0-0 во рамките од петтото коло од ПМФЛ, меч што се одигра во Гостивар каде домашните фудбалери сепак не успеаја да дојдат до цел плен и да ја продолжат серијата од две победи што ја имаа во пресрет на оваа рунда.

Арсими повеќе ја посакуваше победата, имаше контрола над играта, создаде неколку шанси, но гостите од Скопје успеаја да ја сочуваат мрежата незатресена и да освојат бод на овој дуел.

Скопје беше и за нијанса подобар ривал во завршницата, но гостинскиот состав не успеа да постигне погодок, па мораше да се задоволи со ново реми и се уште е без триумф по камбекот во ПМФЛ.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...