Скопје, Штип и Кавадарци пулсираат во „кралски“ ритам (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Реал Мадрид Фондација Клиник стартуваше со фудбалските кампови во Скопје, Штип и во Кавадарци кои „Спорт Арена“ го организира заедно со фудбалските клубови Работнички, Кит Го и Тиквеш. Повеќе од 200 млади фудбалери во трите града, под раководство на тренерите од Реал Мадрид Фондација во наредните пет дена ќе се стекнат со нови фудбалски вештини и ќе бидат дел од големото „кралско“ семејство.

Уникатен пристап и методи за обука, „кралска“ грижа за младите фудбалери. Тренинзите се наменети за подобрување на личната техника, тактичкото однесување на теренот, завршувањето на целта и когнитивните способности (брзина на дејствување). Обуката во фудбалскиот камп ќе им овозможи на играчите да тренираат како професионален фудбалер, да ги научат најдобрите спортски вредности и да ги развиваат своите вештини.

 

Се вчитува...