Скромниот шампион: Хабиб се враќа во своето село – да создава нови асови

Сакам да бидам шампион во октагонот, но и надвор од него, како што тоа беше Мухамед Али. Сакам да ме паметат како најдобар борец во лесна категорија, но и како голем човек со наследството што ќе го оставам зад себе. Ова го изјави Хабиб Нурмагомедов пред три години, во пресрет на борбата во која лесно го победи Едсон Барбоза и се избори за битка за шампионскиот појас против Јакинта.

Дагестанецот не само што го победи Јакинта, туку потоа уште трипати успеа да го одбрани овој шампионски појас, севкупно во кариерата стигна до 29 победи и ниту еден пораз, за по синоќешниот дуел со Гаје да објави дека става крај на кариерата.

Она што го издвојува Нурмагомедов од останатите УФЦ-легенди е фактот дека славата вооошто не влијаеше врз неговата хуманост и блискиот однос со пријателите од детството. Хабиб потекнува од Дагестан, од семејство каде момчињата живеат со своите татковци, одвоени од мајките и од сестрите. Токму затоа тој разви неверојатна врска со својот татко Абдулманап, кој почина од коронавирус пред неколку месеци.

Абдулманап не само што направи врвен борец од Хабиб, туку кај својот син ги врежа и клучните човечки принципи, го научи дека богатството не е пресудно во животот, па неполни 24 часа откако доби 3,2 милиони долари за својата последна борба, УФЦ-шампионот веќе им се доверил на најблиските што ќе му биде приоритет во наредниот период.

„Тој се враќа во своето село во Дагестан. Татко му му остави извонредна спортска сала, сала за шампиони, во која тренираат бројни млади борци. Тоа е новиот предизвик на Хабиб, да создава нови шампиони, како што тоа го правеше неговиот татко“, открива близок пријател на Нурмагомедов.

 

Се вчитува...