Славчо Георгиевски – Тупан најсериозен кандидат за тренер на Скопје

Тренерот на Тетекс, Славчо Георгиевски – Тупан е најсериозен кандидат да го преземе кормилото на Скопје, кое остана испразнето откако Љупчо Марковски – Калц денеска беше промовиран во тренер на Работнички.

Георгиевски го водеше Тетекс заедно со Дејан Цветковски, кој се очекува исто така да му се приклучи во таборот на Скопје идната сезона и двајцата да го презедат кормилото на клубот од Автокоманда.

Популарниот Тупан беше помошник во Работнички, а од минатата година стана прв тренер на Тетекс, кој успеа да го спаси од испаѓање од второлигашката конкуренција. Во минатото работеше како тренер во младинските категории на „романтичарите“.

Се вчитува...