Славе Николов повеќе не е Комесар за натпреварување во РФМ

Славе Николов од денеска и официјално повеќе нема да ја извршува функцијата Комесар за натпреварување при Ракометната Федерација на Македонија.

Раководството на РФМ неодамна донесе одлука во иднина делегирањето да биде извршувано преку натпреварувачка комисија, по што следеше и разделбата од Николов.

„Почитувани спортски пријатели,

Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како ракометен судија на национално и меѓународно ниво спогодбено ја раскинаа соработката со Ракометна Федерација на Македонија во делот на спороведување на програмските активности, упатуваме благодарност за досегашната соработка и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера.

Согласно член 35 од Статутот на РФМ,односно  Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации во текот на денешниот ден е именуван г-дин Благојче Тодоровски на место на г-дин Славе Николов за член на натпреварувачка комисија во рамки на органите и телата на РФМ,  ракометен  меѓународен судија со долгогодишно искуство на национално и меѓународно ниво“, се вели во соопштението на Ракометната Федерација на Македонија.

Се вчитува...