Слободен влез за натпреварот на Македонија против Словенија

Ракометната федерација на Македонија ги отвора вратите на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје за натпреварот од ЕХФ купот против репрезентацијата на Словенија која дамите ќе ја играат во недела. Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 дозволен е максимум 50% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на Ракометната федерација на Македонија.

„Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ купот помеѓу Словенија и македонската национална женска селекција кој ќе се одигра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ на 06.03.2022 г. (недела) влезот е слободен. Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 дозволен е максимум 50% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект. При присуство на натпревар, односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи: 

– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест Covid-19 или :

– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување.

Со почит, Ракометна Федерација на Македонија“, стои во соопштението на РФМ.

Се вчитува...