Словенија е вистински тест на можностите пред ЕП

Македонските ракометари вчера го одржаа првиот тренинг во комплетен состав, а веќе денеска избраниците на Данило Брестовац ги очекува тешка битка со Словенија (19 часот), во првиот од двата пријателски натпревари што „црвено-жолтите“ ќе ги одиграат во завршната фаза од подготовките за ЕП 2020.

На седум дена до премиерниот дуел против Украина, на селекторот Брестовац му е јасно дека секој натпревар и секој тренинг ќе бидат добредојдени за да се отстранат недостатоците и да се влезе во максимална форма од самиот старт на европскиот шампионат.

„Немавме многу време за воведување на нови работи. Ќе работиме напорно, но вистинската слика очекувам да ја имам по вториот дуел со Црна Гора“ – истакна селекторот пред поаѓањето за Словенија.

Денешниот дуел ќе биде одличен тест на можностите, уште повеќе ако се знае дека и домашните ракометари ќе бидат максимално мотивирани, со желба да се наметнат кај новиот селектор Врањеш.

Се вчитува...