Словенија и Шкотска одиграа без голови

Репрезентациите на Словенија и Шкотска ги поделија бодовите играјќи без голови 0-0 на отворањето на новата сезона во Лигата на нации, во рамките на првата група од Ц-сегментот.

Гостите имаат за што да жалат бидејќи креираа дури 6-7 колосални шанси за погодок. Опасните напади на Шкотите во двете полувремиња останаа нереализирани, откако ударите на Боуви, МекБрни, Гилмор и Роби Уре не завршија во мрежата.

На крајот, двата тима мораа да се задоволат со по еден бод на премиерата. Овој резултат е од директно значење и за македонската фудбалска репрезентација, која се наоѓа во истата група, а својот настап го започнува вечерва на домашен терен против фаворизираната Швајцарија.

Се вчитува...