Словенија победува и кога Дончиќ нема свој шутерски ден

Словенија ја забележа и третата победа во низа и со максимален ефект се пласираше во следната фаза од Мундобаскет 2023 откако Лука Дончиќ и соиграчите денеска славеа над Зеленортските острови со резултат 92-77. Дончиќ не беше премногу расположен за шут, но тоа не се одрази врз конечниот исход на мечот, Словенците знаеја како да создадат предност во вториот дел, а потоа и да ја претворат во нова убедлива победа на овој светски шампионат.

Првата четвртина мина во надмудрување на двете селекции, по што Словенија имаше само три поени предност (24-21). Дури пред крајот на полувремето Словенците се одлепија на седум поени предност, откако Дончиќ пред самиот крај го погоди првиот шут од игра (1/9 во првиот дел) и на одмор се замина со 45-38. Африканската селекција го отвори второто полувреме со седум поени во низа, израмни на 45-45, но потоа следеше нова серија на Словенците кои најпрвни се одлешија, а потоа и рутински го одржаа водството до самиот крај.

Лука Дончиќ го заврши мечот со 17 поени (5/19 шут од поле), седум скока и девет асистенции, додека 18 поени за победничката селекција постигна Клемен Препелич.

Словенија како првопласирана обезбеди учество во следната фаза заедно со Грузија, а Дончиќ и неговите репрезентативни колеги ги очекува далеку посериозен предизвик во наредните денови, кога ќе ги одмерат силите со Австралија и со Германија.

Се вчитува...