Словенците се пласираа на Светското првенство, Грција демолирана во Холандија

Ракометарите на Словенија, Холандија и Австрија се пласираа на Светското пренство кое ќе се одржи во 2025 година со победи во реванш натпреварите од баражот за пласман на собирот на светските сили.

Словнеците имаа негатива од 27-26 по првиот натпревар одигран на домашен терен против Швајцарија, но успеаја да се изборат за пенал рулет откако регуларниот дел од натпреварот го завршија со победа од 34-33. Во пенал-рулетот беа сигурни па осигураа и билет за Светското првенство.

Холандија го искористи домашниот терен во полно светло триумфирајќи со 31-25 против Грција со што беше надоместен заостатокот од првиот меѓусебен натпревар (27-31).

Австрија пак ја потврди фаворитската улога и во вториот натпревар против Грузија, овој пат славејќи на домашен терен со 37-31.

Се вчитува...