Смената на тренерот даде плод, Валенсија конечно победи (Видео)

По бурните неколку дена во кои беа сменети тренерот и спортскиот директор, Валенсија успеа да дојде до првата победа во Ла Лига сезонава.

Валенсија за која голот го брани македонскиот репрезентатицец Столе Димитриевски, во шестото коло во Ла Лига, со минимални 0:1 славеше на гостувањето кај Алавес.

Голот вреден три бода и привремен мир на „Местаља“ беше дело на Луис Риоха во 78-та минута.

 

Голем удел во триумфот имаше и Димитриевски кој со одлична интервенција не дозволи да се затресе неговата мрежа.

 

 

Валенсија со триумфот скокна на 17-то место на табелата со четири бода, додека Алавес остана на десет бодови.

Се вчитува...